Фатмир Битиќи, советникот на премиерот Оливер Спасовски, вели дека навремената реакција на Владата била од исклучителна важност за ублажување на ударот од кризата настаната поради коронавирусот и тоа е причина Светската банка да предвиди дека земјава ќе претрпи најмала штета во регионот
„Според најновиот извештај на Светска банка, се проценува дека Северна Македонија најдобро се справува со економскиот удар од сите земји во регионот, а токму поради навремените чекори на Владата, земјава ќе претрпи најмала штета во регионот и се проценува дека нашата економија ќе има пад од 1,4 до максимум 3,2 процентни поени. Споредено, Црна Гора ќе има пад од 5,6 проценти, што во случај на продолжување на пандемијата до крајот на летото би биле 8,9 проценти. Проценките за Србија се за негативна стапка од 2,5, односно 5,3. Албанија ја очекува негативна стапка од 5 односно 6,9 проценти, а Косово го очекува пад на БДП од 4,5, но за него е можен пад и пад до 11,3 проценти“,
потенцираше Битиќи.
