Партискиот потпретседател вели дека се очекува победа во првиот круг и во Делчево и Богданци
СДСМ има значителна предност во скопските општини Центар и Карпош, а води и во Бутел, според партискиот потпретседател Фатмир Битиќи.
Тој информираше за ова во отвореното студио на Телма, при што рече и дека владејачката партија очекува победа во првиот круг и во Делчево и во Богданци.
Од СДСМ брифираа претходно дека е можна победа во прв круг во Валандово, Дојран, Крива Паланка, Лозово…
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со првични резултати дека опозицијата води во сите скопски општини.