Со ваквите измени, како што рече вицепремиерот за економски прашања, дел од средствата ќе се пренаменат за антикризни мерки за најранливите категории граѓани
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи синоќа во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 најави дека на денешната владина седница ќе биде предложена корекција на Законот за платите на функционерите, со која дел од средствата ќе се пренаменат за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.
Ваквата одлука, како што рече Битиќи, доаѓа по минатонеделната одлука на Владата за задолжување четворица министри за нови антикризни мерки. Според вицепремиерот, предложените измени на Законот за плати на избрани и именувани лица е клучно во време кога треба да се покаже солидарност.
Нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории граѓани.
„Остануваат денови до обзнанување на новиот пакет мерки“,
рече Битиќи.