Земјата треба да биде конкурентна во однос на странските туристи и нудењето бесплатен ПЦР-тест е дел од таа стратегија, појаснува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Кога носите економска мерка, вие треба да станете конкурентен во целиот Западен Балкан, но и на светско ниво. Размислуваме на воведување на меѓународно признатиот ‘safety travel’, што ќе значи дека кај нас е безбедно да се патува, дека има протоколи. Тоа го правиме со стопанските комори. ПЦР-тестовите за странците нема да се прават во приватните лаборатории, туку во оние во јавното здравство, што значи дека јас нема да дозволам на некому да креирам пазар со пари од граѓаните“,
рече Битиќи во гостување во „Утрински брифинг“.
Владата на последната седница одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата и со тоа да се поттикне туризмот во претстојната летна сезона.