Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, влегува во трката за градоначалник на Општина Центар. На претстојните локални избори таа ќе настапи како независна, а кандидатурата се очекува да биде објавена утре, информираат граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“.
„Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда, антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар“,
се наведува во објавата.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“.
Билјана Ивановска беше претседателка на Антикорупциската комисија од 2019-2024 година.