Американскиот претседател, Џо Бајден во кратко обраќање вчера вечер, соопшти дека ФБИ открило дека само неколку часа пред нападот осомничениот објавил видеа на социјалните мрежи што укажуваат дека тој бил инспириран од Исламска држава, изразувајќи желба да убие
Се верува дека, Џабар не делувал сам во организирањето на нападот и дека во него било вклучени повеќе лица. На ова, сугерира изнајмената куќа поврзана со осомничениот, која била намерно запалена вчера утро, а во која по гаснењето на пожарот, полицијата открила материјали за правење бомби
Билансот на загинати во нападот што се случи вчера во американскиот град Њу Орлеанс и кој се води како терористички акт се искачи на најмалку 15 лица, а повеќе од 30 луѓе се повредени и хоспитализирани, соопштија властите во САД, пренесуваат светските медиуми.
Нападот се случи на новогодишниот ден, во раните утрински часови, откако возило на кое имало знаме на Исламска држава влета во толпа луѓе на улицата „Бурбон“ во туристичкиот кварт во Њу Орлеанс, во амерканската сојузна држава Лујзијана.
Напаѓачот е идентификуван како Шамсуд-дин Џабар, 42-годишен државјанин на САД, со живеалиште во сојузната држава Тексас.
Тој, според информациите, со пикап возило влетал во толпата луѓе кои ја прославувале Новата година, а потоа излегол од возилото и почнал да пука кон полициските службеници кои биле на местото, ранувајќи двајца од нив.
Полицијата, во одговор на нападот, го застрелала и усмртила напаѓачот на самото место.
Како што соопшти ФБИ, возилото со кое Џабар го извршил нападот било изнајмено, а во него прокрај знамето на Исламска држава во задниот дел, агентите пронашле оружје и „потенцијална“ импровизиран експлозивна направа.
Дополнително, според информациите од високи извори инволвирани во истрагата, во близина на местото имало најмалку две импровизирани експлозивни направи, но за среќа не се активирале, пренесува „Гардијан“.
Американскиот претседател, Џо Бајден во кратко обраќање вчера вечер, соопшти дека ФБИ открило дека само неколку часа пред нападот осомничениот објавил видеа на социјалните мрежи што укажуваат дека тој бил инспириран од Исламска држава, изразувајќи желба да убие.
Бајден, исто така, соопшти, дека истрагата е во прелимирна фаза.
Претходно вчера ФБИ соопшти дека „соработува со партнерите во истрагата за нападот, кој го оквалификува како терористички чин.
Експлозивни направи и проширување на истрагата
Началникот на полицијата во Њу Орлеанс, Ен Киркпатрик, на прес-конференција кажа дека нападот бил извршен со умисла и дека осомничениот сакал да прегази што е можно повеќе луѓе, предизвикувајќи пеколен масакр.
Според информациите на истрагата, триесетина минути откако бил застрелан и убиен, инспекторите пронашле бомба во сандак за лед. Пеколната направа, која не детонирала, била наполнета со клинци и најверојатно експлозив Ц4. Експлозивната направа била оставена во близина на полициските патролни автомобили на приближно три блока од местото каде се случил нападот.
Втора експлозивна направа била пронајдена на околу еден блок од првата. Двете направи, како што сметаат истражните органи, требало да биде активирани далечински. Тие во возилото на Џабар нашле уред за далечинско детонирање.
Се верува дека, Џабар не делувал сам во организирањето на нападот и дека во него било вклучени повеќе лица. На ова, сугерира изнајмената куќа поврзана со осомничениот, која била намерно запалена вчера утро, а во која по гаснењето на пожарот, полицијата открила материјали за правење бомби.
Јавниот обвинител на Луизијана, Лиз Мурил, во изјава за Ен-би-си, изјавила дека „овие поединци кои ја изнајмиле куќата, ја користеле за таа цел.
ФБИ вчера соопшти дека оти не верува дека Џабар е „единствено одговорен“ за смртоносниот напад и побара од јавноста помош за пронаоѓање на соработниците.
Во меѓувреме од Федералното истражно биро соопштиј дека нивни агенти спроведуваат активности во градот Хјустон, во Тексас поврзани со истрагата за нападот во Њу Орлеанс.
Што досега се знае за напаѓачот
Медиумите објави и информации за осомничениот за нападот, според кои тој 13 години служел во армијата на САД. Се наведува дека бил специјалист за човечки ресурски и за информатичка технологија. Со овие квалификации тој се приклучил на армијата каде служел до 2020 година, а во рамките на службата од февруари 2009 до јануари 2010 година бил распореден во Авганистан.
Во август 2004 година, пред неговата армиска служба, Џабар се пријавил во морнарицата, но бил отпуштен еден месец подоцна, изјавил за Ројтерс официјален претставник на морнарицата. Според Ен-би-си, тој не бил примен во морнарицата затоа што ја поминал обуката за регрутирање.
Џабар дипломирал компјутерски информациски системи на Државниот универзитет во Џорџија, каде студрирал од 2015 до 2017 година, изјавиле претставници на училиштето за медиумот Атланта њуз фрст (Atlanta News First). Според извештаите Џабар во послендите години се вклучил во бизниси поврзани со недвижнини.
„Консултантската фирма „Делоит“ издала соопштение во кое било наведено дека тој „служел на ниво на персонал“ кај нивт, откако бил ангажиран во 2021 година.
„Шокирани сме кога дознавме за извештаите денес дека поединецот идентификуван како осомничен имал некаква поврзаност со нашата фирма.„Како и сите, ние сме огорчени од овој срамен и бесмислен чин на насилство и правиме се што можеме за да им помогнеме на властите во нивната истрага“,
било наведено во соопштението на фирмата.
Онлајн евиденцијата на кривичниот суд во Тексас покажува дека Џабар во своето минато имал релативно помали прекршоци, како кражба и возење со неважечка дозвола.
Во меѓувреме, локалните медиуми, ги објавија идентитети на првите познати жртви од масакрот во Њу Орлеанс, коис е на возраст од 18, 27, 28 и 37 години.
Шефот на полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека двајцата полицајци кои биле застрелани се во стабилна состојба и се наоѓаат во медицинскиот центар на Универзитетот во Њу Орлеанс. Шефот на полицијата рече дека повеќето од повредените се верува дека се локални жители, а не посетители.
Критики за ФБИ од Трамп
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трам по смртоносниот напад во Њу Орлеанс ги критикуваше американските власти и агенции за спроведување на законот, велејќи дека се неефикасни и лошо раководени.
Тој на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) обвини дека ФБИ и Министерството за правда „не ја завршиле својата работа“ во заштитата на Американците.
„ЦИА мора да се вклучи сега, пред да биде предоцна“, напиша Трамп, кој на 20 јануари треба да ја преземе претседателската функција.
„САД се распаѓаат – ширум нашата нација се случува насилна ерозија на безбедноста, националната безбедност и демократијата. Само силата и моќното лидерство ќе го спречат тоа. Се гледаме на 20 јануари. Направете ја Америка повторно голема!“, напиша тој на социјалната платформа.