Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово од редовите на ВЛЕН, Билал Касами, води со значителни 2 500 гласа во битката за градски татко на Тетово пред главниот противкандидат од ДУИ, Бајрам Реџепи. Попрецизно, по пребројани две третини од избирачите, Билал Касами има 12 788 гласови, додека Бајрам Реџепи 10 332.
На сликата подолу можете да ја погледнете бројот на освоени гласови на сите кандидати по пребројани 67,15%.

Доколку е ист трендот и во непребројаните гласови, во Тетово ќе има втор круг.
Резултатите покажуваат и дека значителен дел од Македонците во општината одлучиле својот глас да не го дадат за Касами или Реџепи, иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одлучија да не номинираат свој кандидат, а ВМРО-ДПМНЕ дури го повика своето членство да гласа за Касами.