Како што јавува Си-ен-ен, здравствената состојба на Клинтон не е поврзана ниту со неговите претходни срцеви заболувања ниту со ковид-19
Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон (75) е хоспитализиран на интензивна нега во медицинскиот центар „Ирвин“ на Универзитетот во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила и во неговиот крвоток, јавува Си-ен-ен.
Лекарите информираат дека тој останува на болничко лекување со цел внимателно следење на неговата состојба. Според информациите, Клинтон е сместен на интензивна нега поради приватноста и безбедноста, а не поради тоа што му е потребна таква нега.

„По дводневно болничко лекување тој се чувствува добро и добро реагира на терапијата“,
велат лекарите од болницата и додаваат дека наскоро очекуваат Клинтон да биде пуштен на домашно лекување.
Како што јавува Си-ен-ен, здравствената состојба на Клинтон не е поврзана ниту со неговите претходни срцеви заболувања ниту со ковид-19.