Комитетот за надзор на Претставничкиот дом минатата недела препорача Клинтонови да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивниот однос со Епстин. Клинтонови понудија соработка со комитетот, но одбија да се појават лично, тврдејќи дека истрагата е партиска и има за цел да го заштити републиканскиот претседател Доналд Трамп
На почетокот на 2000-тите, откако ја напушти функцијата, Бил Клинтон патуваше со авионот на Епстин неколку пати. Подоцна изрази жалење за таа релација со него и изјави дека немал сознанија за криминалните активности на Епстин
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон ќе сведочат пред американскиот Конгрес во истрагата предводена од републиканците за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, пренесува „Ројтерс“.
Американските медиуми објавија дека Клинтон попуштил, со цел да ја избегне заканата за поведување постапка за непочитување на Конгресот.

Клинтон претходно одбиваше да сведочи. Тој и неговата сопруга Хилари Клинтон го обвинија републиканскиот претседавач на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, за водење политички мотивирана истрага која е буквално дизајнирана да резултира со нивно затворање.
Комитетот за надзор на Претставничкиот дом минатата недела препорача Клинтонови да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивниот однос со Епстин. Клинтонови понудија соработка со комитетот, но одбија да се појават лично, тврдејќи дека истрагата е партиска и има за цел да го заштити републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Заменик-шефот на нивниот кабинет, Ангел Урена, изјави дека тие веќе дале изјави под заклетва и се подготвени да сведочат, со порака дека сакаат да воспостават преседан што ќе важи за сите.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја поздрави одлуката, но не прецизира дали планираното гласање за непочитување ќе биде отфрлено.
„Очекуваме сите да ги почитуваат судските покани на Конгресот“,
рече тој.
На почетокот на 2000-тите, откако ја напушти функцијата, Бил Клинтон патуваше со авионот на Епстин неколку пати. Подоцна изрази жалење за таа релација со него и изјави дека немал сознанија за криминалните активности на Епстин.
Тој се појавува на неколку фотографии од истрагата за Епстин, што изминатите месеци ги објави Конгресот.
Инаку, Клинтон никогаш не е обвинет од жртвите на Епстин дека сторил некакво дело.
Американското министерство за правда објави милиони интерни документи поврзани со Епстин, откривајќи ги неговите врски со многу истакнати личности во политиката, финансиите, академијата и бизнисот – и пред и откако се изјасни за виновен по обвиненијата поврзани со проституција во 2008 година.
