„Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, eпископот антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо“, се наведува во соопштението на Бигорскиот манастир
Бигорскиот манастир на чело со игуменот антаниски Партениј го честита изборот на отец Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Тој на денешната седница на Синодот на МПЦ-ОА едногласно беше избран за дебарско-кичевски митрополит, како единствен кандидат предложен од архиепископот г.г. Стефан.

„Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо“,
стои во објавата на Бигорскиот манастир.
Во прилог на објавата на веб-страницата на Бигорскиот манастир е истакната и куса биографија на отец Георгиј.
Игуменот Георгиј, кој е избран за дебарско-кичевски митрополит, е поранешен декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ и ексамбасадор во Ватикан.
Како што соопштија од МПЦ-ОА, наречението на новоизбраниот митрополит дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник.