Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер смета дека оставката на Заев од премиерската функција и од лидерската позиција во партијата е резултат на сопствените грешки на СДСМ. Причините за ваквиот расплет ги лоцира во застојот во реформскиот процес и лошо водената кампања но и поради неуспехот на Европската Унија да испорача почеток на преговори поради бугарското вето. Според Бибер, одлуката на Заев треба да се смета за добра и за лоша вест.
„Добра вест е дека оставката е дадена без за тоа да има потреба. што е редок израз на политичка храброст. Со неа се покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Но има и лоши вести. Опозицијата е непреустроена, националистичка и про-Орбан. Исто така, нема јасен наследник на премиерската позиција и не се знае дали тој ќе може да креира моментум за ре-старт на сериозен реформски процес“,
пишува Бибер на својот твитер налог.
Флоријан Бибер е добар познавач на состојбите во регионот и важи за влијателен аналитичар во чиј фокус редовно се случувањата на Балканот. Работи како професор на Универзитетот во Грац.