Посочи дека доколку САД не го извршеа нападот врз Иран, тие ќе имаа нуклеарно оружје во рок од две недели
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа зборуваше за воените напади врз Иран, оценувајќи ја операцијата со 15 од 10.

Според него, САД се справува многу добро на воениот фронт.
„Некој ме праша која оценка би ја дал на скала од 1 до 10, а јас реков 15“,
рече тој.
Посочи дека доколку САД не го извршеа нападот врз Иран, тие ќе имаа нуклеарно оружје во рок од две недели.
Американскиот претседател смета дека САД се во многу добра позиција, што, според него, е одличен приказ на воена сила.
Трамп додаде и дека ракетите на Иран брзо се уништуваат.
Ги потврди нападите на Иран врз неговите соседи.
„Знаете, тоа е навистина нација која беше надвор од контрола“,
кажа тој.
За време на состанокот со раководителите на технолошките компании што се одржа во Белата куќа, тој уште еднаш повтори дека нема став за тоа кој би можел да го води Иран откако се убиени неговите високи лидери.
„Нивното лидерство брзо исчезнува. Секој што се чини дека сака да биде лидер, на крајот умира“,
заклучи Трамп.
