„Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања е решително да ја забрза работата на важни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденско-преображенско востание итн.) инсистирајќи на постигнување реални резултати до крајот на 2019 година, вклучително и содржината на учебници“, пишува во протоколот потпишан од тогашните министри за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија
„Се прифаќаат предлозите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и цар Самуил. Владите на двете земји се обврзуваат да ги промовираат постигнатите договори и во најкраток рок да договорат датуми и церемонии за нивното заедничко одбележување. На сите официјални прослави на овие личности треба јасно да се забележи историската вистина за нашата заедничка историја“, се наведува во протоколот што го пренесува БГНЕС
Со оглед на негативните реакции во Скопје, особено на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров за содржината на „францускиот предлог“, посебно за билатералниот протокол, БГНЕС ја објавува содржината на последниот билатерален протокол за имплементација на Договорот за добрососедство од 2019 година, потпишан од тогашните министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Никола Димитров, објави БГНЕС.
БГНЕС нагласува дека станува збор за оригинали (протоколи), а не за прераскажани текстови од медиумот.
Во протоколот, потпишан во 2019 година, впечаток прави присуството на важни историски теми, како и на конкретна заложба за постигнување заедничко историско читање на личноста на Гоце Делчев до крајот на истата година, пишува БГНЕС.

„Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања е решително да ја забрза работата на важни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденско-преображенско востание итн.) инсистирајќи на постигнување реални резултати до крајот на 2019 година, вклучително и за содржината во учебниците. Во својата работа комисијата строго да се придржува до одредбите од чл. 8, ал. 2, од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а за да придонесе за објективното научно толкување на историските настани, засновано на автентични и базирани на докази историски извори“,
стои во протоколот потпишан од Захариева и Димитров.

Во документот станува збор и за чествување на заедничките историски личности и настани, наведува БГНЕС.
„Се прифаќаат предлозите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и цар Самуил. Владите на двете земји се обврзуваат да ги промовираат постигнатите договори и во најкраток рок да договорат датуми и церемонии за нивното заедничко одбележување. На сите официјални прослави на овие личности треба јасно да се забележи историската вистина за нашата заедничка историја“,
пишува во документот.

„Иако стојат потписите и на двајцата министри за надворешни работи, договорените обврски во овој протокол, за жал, не се спроведуваат. И за тоа е виновна македонската страна. Поради оваа причина, дојде до бугарската несогласност РСМ да ги започне преговорите за ЕУ“,
се наведува во текстот на БГНЕС.
Заедничката меѓувладина комисија меѓу Бугарија и РСМ е формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 1 август 2017 година во Скопје.
Протоколот содржи 24 страници и ги опфаќа сите прашања од билатералните односи во посебни поглавја, а е потпишан на 10 јуни 2019 година, пренесува БГНЕС.
