Од СВР Охрид велат дека врз безживотното тело немало траги на насилство

Безживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид.
Тој вели дека врз безживотното тело немало траги на насилство.
Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.
На самото место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.