До овој момент починатата не е идентификувана, а причините за смртта не се утврдени
Безживотно тело на жена во фаза на распаѓање денеска било пронајдено во селото Зрновци во околината на Кочани кај местото викано Ѓошевски орев. Телото е пронајдено во близина на Зрновска Река и било во фаза на распаѓање. Случајот во полиција бил пријавен утринава околу 10:40 часот.

Во врска со случајот денеска се огласи и Јавното обвинителство.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Ќе биде наредена обдукција“,
соопштија од Обвинителството.
До овој момент починатата не е идентификувана, а причините за смртта не се утврдени.
