На телото на починатиот немало видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител тоа е дадено на обдукција, информираа од СВР Охрид
Вчера околу пладне во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.

По преземените мерки и извршениот увид, како што информираа денеска од СВР Охрид, било констатирано дека станува збор за 55-годишен скопјанец со иницијали И.Д.
„Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“,
се наведува во соопштението.