Полицијата се обидела да го лоцира телото на неколку места, но поради големиот водостој на реката Вардар безживотното тело се движи кон Неготино
Безживотно човечко тело е забележано во реката Вардар кај селото Уанци во Општина Градско, информираат од регионалниот Центар за управување со кризи во Велес.
Полицијата од СВР Велес се обидела да го лоцира телото на неколку пункта, но безуспешно, а поради големиот водостој на реката Вардар безживотно тело се движи кон Неготино.
За ова, како што информираат од ЦУК Велес, известена е Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.