Од вкупниот број регистрирани прекршоци минатата недела, најголем дел, односно 4 691 се за возење со брзина поголема од дозволената
Вкупно 4 910 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во периодот од 16 до 22 февруари во градовите и на коридорите каде што се поставени камери за автоматско регистрирање на прекршоците.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци минатата недела, најголем дел односно 4 691 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 16 прекршоци се за минување на црвено светло, што е намалување за 51,5 отсто во споредба со минатата седмица кога за поминување на црвено биле регистрирани 33 прекршоци.
За возење со измината важност на сообраќајната дозвола евидентирани се 203 прекршоци.
„Изречени се вкупно 117 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот биле регистрирани дури 288 мерки забрана за управување со возило. Од вкупно 117 мерки кои биле изречени изминатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 се за брзо возење, од кои 75 за брзина поголема од 80 км/ч во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км/ч и седум за брзина поголема од 170 км/ч во ненаселено место“,
соопштија од МВР.
