Во март се констатирани само 70 прекршоци за минување на црвено светло, што претставува пад од 68,2 отсто во споредба со февруари

Системот „Безбеден град“ изминатиот месец регистрирал вкупно 26 241 сообраќаен прекршок, покажуваат најновите податоци на МВР.
Во март се констатирани само 70 прекршоци за минување на црвено светло, што претставува пад од 68,2 отсто во споредба со февруари.
Најголемиот дел од регистрираните казни, над 96 отсто од вкупниот број, се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Во март 25 230 прекршоци биле за брзо возење.
За управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола биле фатени 941 возач.
Во текот на март биле изречени вкупно 544 мерки за забрана за управување со возило чија бројка е намалена за 16,7 отсто во однос на претходниот месец.
Од нив 70 казни се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење од кои најголемиот дел се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место. Седумдесет возачи возеле со брзина поголема од 10 километри и 42 за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се придонесе за посигурни и побезбедни патишта
