За поминување на црвено светло во текот на вчерашниот ден се регистрирани 50 прекршоци, а 16 прекршоци се за нерегистрирани возила
Вкупно 651 прекршок се констатирани на вториот ден од имплементацијата на системот „Безбеден град“.

Според информациите што ги објави Министерството за внатрешни работи (МВР), најголем дел од прекршоците се за возење со брзина поголема од дозволената односно вкупно 585 прекршоци. За поминување на црвено светло се регистрирани 50 прекршоци, а 16 прекршоци се за нерегистрирани возила.
Во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“,
велат од МВР.
