На бројот 0800 555 44 граѓаните можат да пријават евентуални изборни нерегуларности и повреди на гласачкото право
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.
Сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање.
За граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборитеактивен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.
За сите граѓани на располагање се интеренет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.
Право на глас на денешниот втор круг од локалните избори имаат 1 353 990 гласачи.