Движењето Беса обвинува дека функционери од ДУИ вршат притисок врз гласачи.
„Гледам дека некои функционери на ДУИ почнаа да вршат притисок врз гласачите со фразата што е веќе позната во овие 18 години: „ќе видите вие после изборите“,
напиша попладнево на својот профил на Фејсбук, генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа.
Тој апелираше граѓаните да не подлегнуваат на притисоци.
„Апелирам до вработените во јавната администрација, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто не се плашете затоа што ДУИ ја изгуби својата моќ исто како што ќе ја изгуби власта по 15 јули. Поминаа деновите кога интелектуалци и професионалци можеше да бидат заканувани. Можам да ве уверам дека со Движењето БЕСА во следната влада, сите ќе се чувствуваат безбедни во дејноста и на нивното работното место“,
стои во објавата на Хоџа.