Од партијата велат дека државата се наоѓа во историски и многу важен момент за нејзината иднина, во кој, според нив, ќе може да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија. Според партијата ова е можност да се изгради Устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности
„Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ќе биде наскоро формирана, а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата Беса“, се наведува во соопштението од Правда
Претходно денеска лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку писмено соопштение, исто така наведе дека е дојден моментот од Уставот да се отстрани формулацијата „20 отсто“ и таа да биде заменета со „албански јазик“
Опозициската партија Беса бара со отворањето на највисокиот правен акт освен вметнувањето на Бугарите во Преамбулата, да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на територијата на целата држава.

Од партијата велат дека државата се наоѓа во историски и многу важен момент за нејзината иднина, во кој, според нив, ќе може да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија.
Според партијата ова е можност да се изгради Устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности.
„Преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности“,
изјави Фатмир Сабриу од Беса на прес-конференција.
Од партијата велат дека од предлагачот на уставните измени, односно Владата, бараат при составувањето на нацрт-верзијата на уставните измени која ќе биде доставена до Собранието, да се вметнат два амандмани.
Имено, Беса бараат измена на амандманот 5 од Уставот, со што албанскиот ќе биде рамноправен со македонскиот јазик во земјава.
Форулацијата што ја предлагаат од партијата се однесува на членот 1, точка 1 став 1 и гласи:
„На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо“.

Од Беса потенцираат дека не се против вклучувањето на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, но оти инсистираат да се смени амандманот 5.
„Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре значително ќе се поправи Уставот на земјата. Значи, со овие интервенции не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја членка на НАТО и на државата која има цел да биде дел од ЕУ“,
потенцираат од Беса.
Од Министерството за правда попладнево соопштија дека го добиле писмото од политичката партија Беса во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промена на амандманот 5 од Уставот.
„Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ќе биде наскоро формирана а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата Беса“,
се наведува во соопштението од Правда.
Таравари бара измена на формулацијата „20 отсто“ со „албански јазик“
Претходно денеска лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку писмено соопштение, исто така наведе дека е дојден моментот од Уставот да се отстрани формулацијата „20 отсто“ и таа да биде заменета со „албански јазик“.

„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“,
оценува Таравари.
Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски.
„Особено г. Ковачески и г. Мицкоски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“,
нагласува Таравари.
Дека постојат размислувања покрај внесувањето на Бугарите и други помали заедници во Преамбулата со уставните измени да се најдат и други прашања, меѓу кое и она каде е регулирана употребата на јазикот кој го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните, на брифинг со новинарите на 27 март најави и министерот за правда,ж Кренар Лога, кој е кадар на Алијанса за Албанците.
Следниот ден, прашан за коментар на изјавата на Лога, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека е логично кога се отвора прашањето за уставни измени да се отворат сите прашања што потенцијално би биле дискутирани, но, исто така, логично, според него е да се фокусираме на оние обврски кои се поврзани со преговарачката рамка и патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ).
Барањата на Беса и на Алијанса доаѓаат во пресрет на формирањето на работната група која треба да ги формулира амандаманите за уставните измени, а чие обзнанување терба да се случи во наредните денови.