Основното јавно обвинителство Берово побара парична казна од 500 евра за едно лице кое не ја почитувало забраната за движење од 21 до 5 часот.
Како што соопштија од Обвинителството, лицето на утрово во 00:35 часот во Берово со автомобил го напуштил својот дом во Берово, се упатил по регионалниот пат Берово-Клепало во насока кон Беровско Езеро, по што враќајќи се назад во насока кон градот Берово кај местото Епрев Дол, било запрено од полициска патрола.