Поранешниот италијански премиер наводно бил хоспитализиран поради долгорочни последици на ковид, откако беше заразен во септември минатата година
Поранешниот италијански премиер и актуелен сопственик на фудбалскиот второлигаш Монца, Силвио Берлускони, по 24 дена во болница, поради компликации од коронавирус, е пуштен на домашна рехабилитација.
Берлускони (84) беше хоспитализиран на 6 април.
Поранешниот премиер на Италија, кој ја напушти болницата во петокот, наводно бил хоспитализиран поради долгорочни последици на ковид, јави Гардијан.
Тој се зарази со коронавирус во септември минатата година, но откако оздраве од вирусот здравствената состојбата му се искомпликува, што наложи дополнително болничко лекување.