Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, еуросупер БС-98 за 82,5, додека цената на дизелот и понатаму ќе биде 70,5 денари за литар

Од ноќеска на полноќ бензините ќе имаат нова, пониска цена.
Цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на еуродизел останува непроменета. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, за половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство.
Од полноќ, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар. Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,029 денари.
