Тихановски ги предводеше масовните протести против белорускиот претседател Лукашенко
Сергеј Тихановски, еден од лидерите на белоруската опозиција, кој ги предводеше масовните протести против претседателот Лукашенко, е осуден на 18 години затвор поради организирање немири, пренесува српската Н1.
Тој имаше намера да се кандидира против Лукашенко на претседателските избори во 2020 година, но беше уапсен непосредно пред изборите. По неговото апсење, кандидат на опозицијата беше неговата сопруга, Светлана Тихановскаја.
Опозицијата не ги призна резултатите од изборите на кои Лукашенко убедливо победи, а Тихановскаја стравувајќи за својата безбедност побегна со своите деца надвор од државата по изборите.
Сопругата на Сергеј Тихановски, Тихановскаја, ја доведе во прашање валидноста на судот кој му пресуди 18 години затвор на нејзиниот сопруг и ја оцени таа пресуда за неприфатлива.
„Ќе продолжам да го бранам човекот кој го сакам и кој стана лидер на милиони белоруси“,
истакна Тихановскаја на својот твитер профил.