Вишиот суд во Белград по втор пат на обвинителството му го вратил обвинението против српскиот професор по глупа, Мила Алексиќ, за случаите на силување кои го разбрануваа регионот.
Како што јавуваат српските медиумите, првпат обвинението беше поднесено на 21 април, но судот го вратил за да се исправат некои формални неправилност. Сега, повторно судот утврдил дека обвинението имало недостатоци и го вратил на исправка.
Откако ќе бидат направени промените, судот прво ќе го испрати за одговор кај обвинетиот професор и неговите адвокати, а потоа ќе донесе одлука дали ќе го прифати со што би почнал и судскиот процес.
Обвинението против Алексиќ опфаќа повеќе кривични дека поврза со силување и извршување недозволени полови дејствија, а како жртви се јавуваат седум девојки кои му биле ученички од школата за глума.