Владата во Белгија донесе нови антиковид-мерки кои предвидуваат затворање на кината, театрите, концертните и конференциските сали, а забрането е и присуство на публика на спортските настани
Околу 5 000 демонстранти, меѓу кои уметници, организатори на настани и други културни работници вчера протестираа во Брисел, обвинувајќи ја владата оти новите рестрикции неправедно ја опфатиле културата, пренесува агенцијата Бета.

Владата во Белгија донесе нови антиковид-мерки кои предвидуваат затворање на кината, театрите, концертните и конференциските сали, а забрането е и присуство на публика на спортските настани. Новите рестрикции се воведени поради двократно зголемување на ковид-позитивните случаи во текот на минатата седмица. Главно се работи за случаи позитивни на сојот омикрон.
Според новите мерки, пак, дозволени ќе бидат божиќните саеми, а угостителските објекти можат да работат со одредени ограничувања.
Белгија досега има пријавено повеќе од два милиони позитивни случаи на коронавирус и најмалку 28 149 смртни случаи.