До 25 април ќе работат само продавниците со неопходни производи, додека се друго ќе биде затворено, со задолжителна работа од дома
Од петок Белгија повторно се затвора за да спречи трет бран од ковид-19.
Поради влошшување на епидемиолошката состојба веќе неколку недели, Владата одлучи денеска да воведе нов строг карантин до 25 април, период што се совпаѓа со велигденските празници во Белгија.
Училиштата ќе бидат затворени до 19 април. Отворени остануваат само продавниците за неопходни производи, додека сите други ќе смеат да работат само со закажување, а сите бизниси кои подразбираат контакт се затвораат, како што се фризерските и козметичките салони.
Работата од дома станува повторно задолжителна, со построги контроли во фирмите, додека не смее да се собираат повеќе од четири лица на едно место. Набавките во едно семејство ќе биде ограничено на двајца членови. Во Белгија, бројот на новоинфицирани е околу 2 000 веќе 17 недели со мали промени. Сепак, во последниве денови, дневно се забележуваат нешто повеќе од 3 000 нови случаи на ковид-19.