Многубројни епидемиолози и научници во земјава одамна предупредувале дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата
Владината коалициска Социјалистичка партија на во Белгија најави дека сака укинување на ковид-сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.
Моментно во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид-сетрификат, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало ковид-19 во последните четири месеци.
Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат.
Бројни епидемиолози и научници во земјава одамна предупредувале дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места, јавуваат тамошните медиуми.
Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.