Белгискиот министер за надворешни работи Максим Превот најави дека се разгледува и опцијата за воведување санкции врз Израел, како и прогласување на лидерите на Хамас за непожелни во Белгија
Белгија ќе признае палестинска држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), објави белгискиот министер за надворешни работи Максим Превот.

„Белгија ќе им се придружи на потписниците на Њујоршката декларација, отворајќи го патот за решение со две држави или палестинска држава која коегзистира во мир со Израел“,
напиша Превот во објава на Икс.
Одлуката, како што посочи белгискиот министер, доаѓа во пикот на хуманитарната трагедија што се одвива во Палестина, особено во Газа и е одговор на насилството извршено од Израел кој го крши меѓународното право.
Превот најави дека белгиската влада ја разгледува и опцијата за воведување 12 санкции врз Израел, како и прогласување на лидерите на Хамас за непожелни во Белгија.