Белгиските лекари сметаат дека правилна вакцинација треба да се извршува од страна на лекар или медицинска сестра. Но, власта верува дека оваа одлука ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинирани лица

Парламентот на Белгија даде согласност за нов закон кој предвидува опција за вакцинација во аптеките, додека лекарите се противат на оваа одлука, јави дописничката на МИА од Брисел.
Со новиот закон возрасните граѓани ширум Белгија ќе можат директно да добијат доза вакцина против ковид-19 во аптека. Досега Белгијците се вакцинираа во центри за вакцинација и здравствени установи од различни видови.
Законот не предвидува оваа одлука да важи за други вакцини освен ковид-19.
Синдикатот на лекари, пак, одамна се противи на овој предлог закон, лекарите сметаат дека правилна вакцинација треба да се извршува од страна на лекар или медицинска сестра. Но, власта во Белгија смета оваа одлука ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинирани лица.