Претходно Блумберг, повикувајќи се на три извори запознаени со ситуацијата, објавија дека американскиот потпретседател е во самоизолација надвор од Белата куќа
Белата куќа по еднодневен молк објави дека американскиот потпретседател Мајк Пенс не е во карантин и планира денеска да биде на своето работно место демантирајќи ги информациите на Блумберг дека Пенс е во самоизолација надвор од Белата куќа откако еден од неговите портпаролот беше дијагностициран со ковид-19.
„Потпретседателот Пенс ќе продолжи да ги следи советите на медицинскиот тим на Белата куќа и не е во карантин. Потпретседателот секој ден има негативни тестови и планира да биде утре во Белата куќа“,
изјави портпаролот Дејвин О’Мали, пренесе Гласот на Америка.
Блумберг, кој ја објави информацијата за карантинот на Пенс се повика на три извори, за кои вели дека се запознаени со ситуацијата, а Белата куќа сѐ до денеска не сакаше да коментира.
И Трамп и Пенс се критикувани поради тоа што не носат заштитни маски, иако тоа го препорачува Центарот за контрола на инфекции.
*Поврзана вест
(ВИДЕО) Трамп одбива да носи маска: Во фабрика во Аризона дочекан со песната „Live and Let Die“