Како што појасни на денешната прес-конференција, од август минатата година инфлацијата, односно трошоците за живот се јавуваат како посебна ставка или елемент во пресметката на минималната потрошувачка кошничка, иако истовремено таа е веќе пресметана во другите ставки кои ја формираат висината на минималната потрошувачка кошничка
Бектеши истакна дека тој е повеќе од сигурен дека со последната одлука за зголемување на минималната плата од 18 000 на 20 175 денари на граѓаните ќе им требаат помалку од две минимални плати за да ја покријат минималната синдикална кошничка
Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекувањата се оваа година да ја завршиме со максимум инфлација од 7,1 отсто. Тој посочи дека веќе се бележи надолен тренд на трошоците за живот, кој се очекува да продолжи и во наредните месеци
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ја објасни методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка, односно како таа се пресметувала до јули минатата година и како таа се пресметува од август до денеска поради што се јавува грешка во последните податоци што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Ова прашање Бектеши го отвори минатата недела кога изјави дека постои грешка во утврдувањето на висината на минималната потрошувачка кошничка и дека таа не изнесува 50 000 денари како што покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија и оти не надминува 43 000 денари.
Бектеши тогаш изјави дека е можно да станува збор за ненамерна или техничка грешка.
Како што појасни на денешната прес-конференција, од август минатата година инфлацијата односно трошоците за живот се јавуваат како посебна ставка или елемент во пресметката на минималната потрошувачка кошничка, иако истовремено таа е веќе пресметана во останатите ставки кои ја формираат висината на минималната потрошувачка кошничка.
Имено, седум на број се ставките или елементи што ја формираат висината на минималната потрошувачка кошничка: исхрана и пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување на здравје.
Од јануари до јуни, како што посочи Бектеши повикувајќи се на анализите прикажани на графикони, инфлацијата е пресметана во секоја од седумте ставки, што може да се види од растот на секоја од нив поединечно. Од август, како што посочи Бектеши, инфлацијата е два пати пресметана – еднаш во секоја ставка поединечно и еднаш како посебна ставка во методологијата за формирање на висината на минималната потрошувачка кошничка.

„Ако внимателно ги погледнете бројките, ќе видите и самите дека во секој елемент во текот на сите месеци се зголемени цените или, пак, износот за секој елемент поединечно и тоа се прави до седмиот месец. Ќе видите дека во осмиот месец дополнително двапати се пресметува инфлацијата. Што значи ова? Ова значи дека и внатре во секој елемент поединечно има пресметана инфлација, како на пример, првиот елемент исхрана и пијалаци која во седми месец изнесува 17 842 денари, а во осмиот месец 18 342 денари и дополнително потоа е пресметана како поединечен елемент или осмиот елемент трошоци за живот или инфлација. Истото важи и за вториот елемент домување како и за третиот хигиена, превозот, облека и обувки и сл. Ова значи дека инфлацијата е пресметана двапати во делот на методологијата која се објавува од страна на Синдикатот и овие бројки не треба да се земаат предвид од осми месец па наваму во делот на покриеноста на минималната плата со минималната синдикална кошничка“,
појасни министерот за економија на денешната прес-конференција.

Што се однесува до односот на минималната плата и минималната синдикална кошничка, Бектеши посочи дека компаративната анализа покажува дека кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 биле потребни две минимални плати за подмирување на синдикалната кошничка, а потоа почнува да расте поради економската и енергетската криза, за да заклучно со март повторно дојде на истото ниво почетокот на 2022 година. Во делот на споредливите анализи и тоа како било претходните години може да се види дека оваа Влада е целосно посветена во делот на утврдување на минималната полата со која ќе можат нашите граѓани да го покријат месецот и моментално сме стигнале на 2,1 плати за да може да се покрие минималната синдикалната кошничка, споредено со тоа што било претходно“, рече Бектеши.
„Значи, минатата година кога се справувавме со енергетската криза, економската криза, финансиската криза, а почнувајќи со завршувањето на кризата со пандемијата може да се утврди дека во декември 2021 и јануари 2022 минималната плата или две минимални плати ја задоволуваат минималната потрошувачка кошничка и потоа почнува да расте согласно растот на цените на светските берзи, а секако од тоа не може да побегне и Република Северна Македонија. Во делот на споредливите анализи и тоа како било претходните години може да се види дека оваа Влада е целосно посветена во делот на утврдување на минималната полата со која ќе можат нашите граѓани да го покријат месецот и моментално сме стигнале на 2,1 плати за да може да се покрие минималната синдикалната кошничка, споредено со тоа што било претходно“,
рече Бектеши.

Министерот за економија се осврна и на споредбената анализа за тоа колку минимални плати биле потребни за задоволување на минималната потрошувачка кошничка пред десет години и сега.
Анализата, како што посочи Бектеши покажува дека со растот на минималната плата од 2017 година па наваму се намалува и просечниот број на минимални плати кои се потребни за да ја покријат минималната синдикална кошничка.
Ако во 2013 година беа потребни 3,9 плати, 2013 четири минимални плати, 2014 четири минимални плати, 2015 – 3,3 плати, 2016 – 3,1 минимална плата, како што може да се забележи од 2017 година се до денес имаме само надолен тренд, односно потребни се помалку минимални плати за покривање на минималната синдикална кошничка“, посочи министерот за економија.

Ако се погледнат бројките и податоците за месец март, Бектеши истакна дека тој е повеќе од сигурен дека со последната одлука за зголемување на минималната плата од 18 000 на 20 175 денари на граѓаните ќе им требаат помалку од две минимални плати за да ја покријат минималната синдикална кошничка.
„Ова уште еднаш покажува дека Владата е целосно посветена во зголемување на платите и во приватниот и во јавниот сектор и затоа да повторам уште еднаш во месец април ќе се исплатуваат платите согласно последната одлука и во делот на минималната и во делот на зголемување линеарно и во јавниот сектор во износ од 20 175 денари“,
истакна министерот за економија.
Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекувањата се оваа година да ја завршиме со максимум инфлација од 7,1 отсто. Тој посочи дека веќе се бележи надолен тренд на трошоците за живот, кој се очекува да продолжи и во наредните месеци.
„Последните три месеци се намалува инфлацијата. Убеден сум дека ќе ја намалиме на 7,1 отсто, а ако трендот на намалување продолжи и во наредните месеци, по летото, мислам дека можеме да одиме и под 7,1 отсто“,
нагласи Бектеши.
