„Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што ја испратив како човек кој има одговорност и за изборниот процес. Но, тоа не е нивната цел (проценете сами од пораката подолу), нивната цел е одмазда за дебаклот што го добија од граѓаните на 8 мај“, напиша Бектеши на Фејсбук
Ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, денеска ја објави пораката за која, како што тврди тој, охридската полиција му поднела кривична пријава. Според Бектеши, „ова е одмазда за дебаклот што го добија од граѓаните на 8 мај“.
„На 7 мај во својство на координатор на ’Европскиот фронт’ во ИЕ 5 добив информација од штабот на ’Европскиот фронт’ во Охрид дека на денот на изборниот молк бил проверен шефот на штабот и членовите на штабот од страна на СВР-Охрид, што е директна интервенција во изборниот процес од страна на СВР-Охрид. Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што ја испратив како човек кој има одговорност и за изборниот процес. Но, тоа не е нивната цел (проценете сами од пораката подолу), нивната цел е одмазда за дебаклот што го добија од граѓаните на 8 мај“.
напиша Бектеши на Фејсбук.
Тој порача дека секогаш ќе се грижи за граѓаните на Охрид, Ресен, Крушево и Долнени кои, според него, се во постојан обид за мајоризација и заплашување.
Имено, во полицискиот билтен за 25.7.2024 година, како што соопшти МВР, СВР Охрид му поднело кривична пријава на К.Б. (39) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело попречување на правдата. Како што објави Телма, станува збор за поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, односно иницијалите објавени во билтенот соодветствуваат на неговото име.
Обвинувања против Бектеши од ДУИ ги квалификуваа како неосновани кои имаат за цел дискредитација на партијата и нивните претставници.