Демократската унија за интеграција денеска на состанок ги потврди кандидатите за градоначалници од нивните редови за претстојните локални избори.
„На состанокот на Генералниот совет на ДУИ, по предлог на претседателот на партијата, Али Ахмети, едногласно беше избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври“,
информираше Бујар Османи по состанокот.
Османи вели дека според сите анкети што ги направиле овој пат очекуваат да имаат најцврста победа.
„Секоја партија би рекла дека нејзините кандидати ќе победат, но овојат навистина сметаме дека ќе имаме победа како никогаш досега. Тоа ни го покажуваат и анкетите и тоа не само анкетите на ДУИ, туку и анкетите на другите партии. ДУИ ќе ја има најголемата победа досега“,
рече Османи.
Кандидатите за градоначалници на ДУИ се:
Ејуп Абази – Студеничане
Суат Шаќири – Чашка
Хекуран Дука – Дебар
Еркан Арифи – Липково
Неби Реџепи – Врапчиште
Рамиз Мерко – Струга
Фатмир Изаири – Желино
Бесник Емшиу – Боговиње
Нухи Незири – Теарце
Али Јаоски – Пласница
Аркин Јахии – Брвеница
Блерим Беџети – Сарај
Висар Ганиу – Чаир
Фатмир Дехари – Кичево
Невзат Бејта – Гостивар
Теута Арифи – Тетово
Ридван Ибрахими – Арачиново