Блерим Беџети од ДУИ во предизборно соочување на „360 Степени“ со претставниците на четирите најголеми политички блока даде оценка за владеењето на владата и состојбата во правосудство и борбата против корупцијата и криминалот.

„ДУИ има дадено свој придонес во континуитет во што подобри закони во интерес на граѓаните на Р. Северна Македонија и тоа го има направено со целиот свој потребен капацитет. Сведоци сме дека очекувањата на граѓаните не се забелешките во законите, во легислацијата тука кај нас, но реално се во селективниот пристап. Мислам дека е дојдено време освен законите да создадеме што подобри услови затоа што независноста на судството многу често се подразбира дека е поврзана со политиката. Не! Ние треба да создадеме и финансиска инфраструктура и да ги следиме примерите на земјите во регионот дека финансиското осамостојување се поврзува со корупција итн, за да има подобра ефикасност. И на крај дека имало анализи, истражувања од домашни и странски организации дека довербата на сите граѓани во правосудството на Р. Северна Македонија треба да се врати на соодветното ниво. Вистина е дека има уверувања дека има селективни пристапи. За жал како во ВМРО така и во СДСМ се наидува на „глуво уво“ за одредени сегменти што се од животна важност за граѓаните на Р. Северна Македонија, но особено тука сакам да нагласам за Албанците од Северна Македонија. Јас и порано апелирав дека е крајно време за закони. Ние може да се споредиме со многу држави. Но каде е проблемот? Проблемот е во селективниот пристап не само перцепција туку и ветување на граѓаните на земјата кои имаат потреба за посериозен пристап. И неслучајно во продолжение ќе зборуваме и за идеја што одамна ја има ДУИ , ветингот кој го промовира како неопходна идеја за елиминација на овие пристапи“,
вели Беџети.