Прашан дали и како тоа ќе влијае врз ДУИ и коалицијата, Беџети рече дека нема да влијае никако „ако мислите во негативна смисла“

Тоа се нивни легитимни ставови и ние ги поддржуваме ако сакаат да ги зајакнат нивните партиски структури. Ова е коментарот што денеска го даде пратеникот од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Блерим Беџети по вчерашната одлука на крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села дека ќе ја напушти коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ).
„Села и Алијанса за Албанците не заминуваат никаде тие се во Собранието и ако добро ги прочитав и јас и јавноста тие продолжуваат да делуваат опозиционо и нормално е дека ќе имаме комуникација и соработка и во иднина“,
рече Беџети одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Прашан дали и како тоа ќе влијае врз ДУИ и коалицијата, Беџети рече дека нема да влијае никако „ако мислите во негативна смисла“.
Централното претседателство на АА на Села синоќа одлучи партијата отсега да делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.
Оттаму велат дека коалицијата со која учествувале на последните локални избори излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освони советници.
Но, тие се незадоволни од епилогот во градочалничката трка каде се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори.
И покрај оваа ситуација, оттаму велат дека АА останува решена да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија и е силен опозициски глас на Албанците, одржувајќи комуникација со субјектите на албанската опозиција, за што, додаваат дека навреме ги извeстиле нивните досегашни коалициски партнери.
Инаку, одвојувањето од коалицијата НАИ предводна од ДУИ, Села го најави пред два дена кога постави и три услови за да неговата Алијанса за Албанците да биде дел од Владата.
На ова, премиерот Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во „Топ тема“ на телевизија телма рече дека не работи со улитиматуми.
„Не работам под ултиматуми, условуван никогаш во животот на работам. Тоа е погрешен пристсп да се комуницира со мене. Ако некој мисли дека со ултиматуми ќе ме привлече тоа е најпогрешниот пат што го одбрал“,
рече тој.
