Црвениот крст потенцира дека е целосно мобилизиран и подготвен да одговори со дополнителна помош и ресурси, доколку е потребно

Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен обезбедувајќи неопходна поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот.
Од Црвениот крст информираат дека нивните волонтери нудат логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Дополнително, оттаму велат дека базените на Црвениот крст се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите. Ова значително го забрзува процесот на гаснење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја.
Црвениот крст потенцира дека е целосно мобилизиран и подготвен да одговори со дополнителна помош и ресурси, доколку е потребно.
Од Министерството за внатрешни работи утрово информираа дека во гаснењето на пожарот е вклучен хеликоптер од типот „бел-412“ како поддршка на екипите на терен и кој досега исфрлил над 45 тони вода.