Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони вели дека до ноември 2028 година, ќе ги одземе лиценците на 10 101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување
До 2028 година во Барселона ќе биде забрането изнајмување на станови за туристи со цел да се спречат зголемените трошоци за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во својот град.
Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони вели дека до ноември 2028 година, ќе ги одземе лиценците на 10 101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување.
„Се справуваме со она што го сметаме за најголем проблем на Барселона“,
вели Колбони, пренесува Ројтерс.
Краткорочниот бум на изнајмување станови во Барселона, најпосетуваниот град во Шпанија, како што вели Колбони, остави некои граѓани да не можат да си дозволат да ја платат кирија откако тие се зголемија за 68 отсто, а цените на имотот за 38 отсто во изминатите 10 години.
Шпанската министерка за домување Изабел Родригез вели дека ја поддржува одлуката.
„Се работи за тоа да се направи се што е потребно за да се гарантира достапно домување“,
објави таа на социјалните мрежи.
Gracias por tu mensaje de apoyo a las políticas de vivienda de Barcelona. Desde el Ayuntamiento estamos decididos a garantizar el acceso a una vivienda digna y asequible para todos nuestros vecinos y vecinas.
— Jaume Collboni (@jaumecollboni) June 21, 2024
Barcelona y el Gobierno de España también seguimos uniendo esfuerzos… https://t.co/U8U39eLLCi
Ројтерс пренесува дека побарале одговор од онлајн платформата за изнајмување станови „Ер-би-ен-би“ (Airbnb), но дека не добиле коментар.
„Колбони прави грешка што ќе доведе до сиромаштија и невработеност“,
велат од здружението на изнајмувачи на туристички апартмани во Барселона АПАРТУР.
Оттаму додаваат дека забраната ќе доведе до зголемување на нелегалните изнајмувања на станови.
Од Хотелската асоцијација на Барселона не сакаа да ја коментираат веста, пишува Ројтерс.
Локалните власти најавија строги инспекции откако забраната ќе стапи на сила.
Во последниве години во Барселона не беше дозволена регистрација на нови туристички апартмани.
Од 2016 година локалната власт нареди затворање на 9 700 нелегални туристички станови, а речиси 3 500 станови повторно ги користат граѓаните за домување.