Во „Титаник“, предмет за дела против изборите и гласањето, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески призна вина и доби три и пол години затвор
Барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“, а поднесени од осудените Миле Јанакиески и Коста Митроски се неосновани, информираа денеска од Врховниот суд.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 јануари годинава одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.02.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-53/22 од 18.05.2023 година, поднесени од осудените М.J. и К.М., ги одби како неосновани“,
информираат денеска од Врховен суд.
Во „Титаник“, предмет за дела против изборите и гласањето, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески призна вина и доби три и пол години затвор.
„Титаник“ е првиот случај за кој своевремено, на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага.