Службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – oтсек потраги, во заедно со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки
Како што информират од МВР, приведениот го барале со централна и меѓународна потерница за доиздржувањњ казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци.
При запирањето, Р.С. удрил со возилото во двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди. Р.С. бил совладан и предаден во полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната,
велат од МВР