Трамп и фон дер Лајен објавија дека спогодбата ќе има влијание врз речиси една третина од светската трговија. Договорот доаѓа по долготрајни и напнати преговори и ја спречи ескалацијата на трговска војна помеѓу двата стратешки партнери
Accord Van der Leyen-Trump : c'est un jour sombre que celui où une alliance de peuples libres, rassemblés pour affirmer leurs valeurs et défendre leurs intérêts, se résout à la soumission.
— François Bayrou (@bayrou) July 28, 2025
Францускиот премиер, Франсоа Бајру, изјави дека Европската Унија капитулирала пред заканите на Доналд Трамп за постојано зголемување на царините, нарекувајќи го рамковниот договор постигнат во Шкотска „црн ден“ за ЕУ.
„Мрачен е денот кога сојуз на слободни народи, здружени за да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, прифаќа потчинување“,
напиша Бајру на X.
Договорот ќе воведе царини од 15 проценти за речиси целиот европски извоз во САД, вклучувајќи ги и автомобилите, што е околу трипати повеќе од царината од 4,8 отсто што е во сила сега. Но, со него се избегнува заканата на Трамп од казнени царини од 30 oтсто за увоз, доколку не се постигне спогодба до 1 август.
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, и италијанската премиерка, Џорџија Мелони, го поздравија договорот како спречување на поштетен исход.
Француските критики на високо ниво и молчењето на Емануел Макрон откако беше потпишан договорот меѓу Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, покажуваат потенцијални поделби додека Брисел се обидува да добие одобрение за договорот од земјите-членки, објави „Гардијан“.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, рече дека ја дал својата поддршка за договорот „без никаков ентузијазам“.
Трамп и фон дер Лајен објавија дека спогодбата ќе има влијание врз речиси една третина од светската трговија. Договорот доаѓа по долготрајни и напнати преговори и ја спречи ескалацијата на трговска војна помеѓу двата стратешки партнери.