Од СЗО се загрижени дека инфекцијата со овие сипаници може да дополнително да се прошири во текот на летните месеци
Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.
Американските здравствени власти, според неговата изјава, размислуваат за потенцијални терапии и вакцини.
„Ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме“,
има кажа Бајден на новинарите во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација соопшти дека работи на дополнителни насоки во врска со епидемијата на оваа болест.
„СЗО работи на дополнителни упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми во текот на летните месеци“,
рече Дејвид Хејман, претседател на Стратешката и техничката советодавна група на СЗО за заразни опасности со пандемски и епидемиски потенцијал.
Според последните податоци, досега инфекции со мајмунски сипаници се потврдени 80 случаи во 12 земји: девет европски земји (Велија Британија, Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Франција, Холандија, Италија и Шведска), како и во САД, Канада и Австралија.