Тој најави дека ќе остане на функцијата Претседател на САД до крајот на неговиот мандат
Претседателот на Соединетите Американски Држави и кандидат на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД соопшти дека ја повлекува кандидатурата. Но, ќе продолжи до крајот на мандатот да ја извршува функцијата Претседател на САД.
„Додека мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека ова е во најдобар интерес на мојата партија и земја, да се повлечам и да се фокусирам единствено на мојата должност Претседател во остатокот од мојот мандат“,
напиша Џо Бајден на „Х“.
Тој најави и дека ќе говори пред нацијата подоцна неделава за неговата одлука и додаде дека му била „највисока чест“ во животот што служел како Претседател на САД.
Џо Бајден беше под жесток притисок од својата партија и бројни подржувачи да се повлече од претседателската трка иако победи на гласањето на членстовот на внатрепартиските избори. Причината беше неговото се поочигледно слабо здравје, како и опаѓањето на когнитивните способности.