Според Би-би-си, Иран за директно да го нападне Израел би ризикувал уште поголема ескалација на конфликтот, а аналитичарите велат и дека Иран нема воена способност за значителна конфронтација
САД ќе го поддржи Израел во случај на можен напад од страна на Иран. Ова го изјави американскиот претседател Џо Бајден, откако серија закани од Иран беа упатени кон Израел по бомбардирањето на изранскиот конзулат, во кој загинаа високи команданти, а кое се случи пред десетина дена во Дамаск, Сирија, пренесува Би-би-си.

„Како што му кажав и на премиерот Бенџамин Нетанјаху, останува цврста нашата посветеност на безбедноста на Израел против заканите од Иран и неговите сојузници. Ќе направиме се што можеме за да ја заштитиме безбедноста на Израел “,
рече тој.
Претходно, иранскиот лидер рече дека израелскиот напад во Дамаск го сметаат за еквивалентен напад на Иран.
„Кога ја нападнаа областа каде се наоѓа нашиот конзулат, тоа е исто како да ја нападнаа нашата територија. Злобниот режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“,
рече ајатолахот Али Хамнеи.
Но, како што пишува Би-би-си, сè уште не е јасно во каква форма ќе се случи нападот, односно како што пренесуваат медиумите, најавената одмазда.
Според Би-би-си, Иран за директно да го нападне Израел би ризикувал уште поголема ескалација на конфликтот, а аналитичарите велат и дека Иран нема воена способност за значителна конфронтација.
Медиумите велат дека можна алтернатива е напад преку ирански посредник како Хезболах, кој често изведува помали напади врз Израел од соседен Либан.
Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.
Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку претставници на Иран исто така претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучително и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека „ој злобен режим мора да биде казнет.
Пред неколку дена, ирански официјален претставник предупреди дека амбасадите во Израел повеќе не се безбедни, сугерирајќи дека зградата на нивниот конзулат може да биде можна цел.
Во нападот на иранскиот конзулат на 1 април беа убиени 13 лица, меѓу кои и високи ирански воени водачи.
Инаку, овие коментари на Бајден доаѓаат еден ден подоцна откако тој во интервју повика на прекин на огнот во газа, но и рече дека не се согласува со воената стратегија на Нетанјаху.
„Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“,
рече тој.
Бајден ја заостри својата реторика за однесувањето на Израел откако беа убиени седум хуманитарни работници.
Сепак, како што пишува Би-би-си, американските власти се обидуваат да испратат порака до Иранците дека, и покрај разликите во мислењата меѓу Бајден и Нетанјаху, секој напад врз Израел ќе наиде на агресивен одговор на САД.
Според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, повеќе од 33 000 луѓе, главно жени и деца се убиени во израелските напади.
Војната започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел во кој загинаа 1 200 луѓе. Израелска инвазија потоа во Газа расели повеќе од 2,3 милиони луѓе.