Украина денеска беше мета на комбиниран воздушен напад со ракети и беспилотни летала, соопшти украинската армија. Неколку градови низ Украина беа цел на рускиот напад, вклучувајќи ги Киев, Лавов, Харков и Одеса
Американскиот претседател Џо Бајден денеска го повика американскиот Конгрес да „дејствува без натамошно одлагање“ по „големите бомбардирања“ во Украина, во време кога конгресмените на Капитол Хил не можат да се договорат за голем пакет помош за Киев.
„Доколку Конгресот не преземе итни мерки во новата година, нема да можеме да продолжиме да испраќаме оружје и системи за противвоздушна одбрана што ѝ се потребни на Украина за да го заштити својот народ“,
предупреди Бајден, пренесе БТА.
Украина денеска беше мета на комбиниран воздушен напад со ракети и беспилотни летала, соопшти украинската армија. Неколку градови низ Украина беа цел на рускиот напад, вклучувајќи ги Киев, Лавов, Харков и Одеса.
Руските комбинирани напади оставија најмалку 27 мртви и повеќе од 140 повредени, а бројот се очекува да се зголеми додека продолжуваат операциите за помош, соопштија украинските власти.
Експлозии во Киев, издадена воздушна тревога низ целата земја
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија денеска лансирала околу 150 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени. Зеленски додаде дека Русите „го испукале речиси секое оружје што го имаат во својот арсенал“.