Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на САД, оваа недела изјави дека ќе биде разочаран доколку мора да го напушти Вашингтон без моќни тактички проектили
Белата куќа денеска објави дека САД ќе испорачаат важни системи за противвоздушна одбрана на Украина, но засега не ракетите со долг дострел АТАЦМС што ги бара Киев.
„Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да не дава ракети АТАЦМС, но не ја отфрли можноста во иднина“,
изјави на прес-конференција советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на САД, оваа недела изјави дека ќе биде разочаран доколку мора да го напушти Вашингтон без моќни тактички проектили.
Саливан оцени дека благодарение на американската воена помош, украинските сили успеале „за три месеци да ослободат повеќе територии отколку што Русите освоиле за осум месеци“.
„Неколку големи украински градови денес не се под руска окупација или доминација. Пред се, благодарение на храброста на украинските војници и на украинскиот народ кој ги поддржува, но исто така, и тоа не е занемарливо, благодарение на материјалната поддршка што ја дадовме“,
изјави Саливан.
Некои републикански пратеници бараат САД да престане да обезбедува финансиска и воена помош за Украина, сметајќи дека е изгубена кауза.