Путин денеска оствари и телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, со кого исто така разговарале за актуелната ситуација со Украина

Американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, денеска телефонски разговарале за кризата околу Украина, соопштуваат од Белата куќа, додавајќи дека за време на разговорот Бајден повторно ја повикал Русија на деескалација.
„Претседателот Бајден разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, за да стави до знаење дека руската инвазија врз Украина ќе има брзи и тешки последици за Русија. Бајден го Повика Путин итно да ја деескалира ситуацијата и да продолжи со дипломатија“,
се вели во соопштението на Белата куќа, објавено по разговорот на двајцата лидери.
На разговорот Бајден – Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана.
Путин денеска оствари и телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синоќа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија за состојбата со Украина.
Во меѓувреме, американските власти наредија повлекување на дел од американските војници од Украина, кои беа задолжени за обука на украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека војниците ќе бидат прераспоредени некаде во Европа